Пике се правда: Незаконски е само тоа што сум бил прислушуван

Откако вчера беа објавени аудиоснимки од разговорот меѓу Жерард Пике и претседателот на Шпанската кралска фудбалска федерација, Луис Рубиалес, во кој го договараат Суперкупот во Саудиска Арабија, се огласи и фудбалерот на Барселона.

Пике истакна дека неговата компанија Kosmos Holding посредувала за префрлање на натпреварите од шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија и дека сè  било направено според законот.

Според четиригодишниот договор што бил постигнат, РФЕФ добива 40 милиони евра годишно, а Пике 6.

„Сè е направено по закон. Адвокатите на Kosmos се подобро информирани од мене и правно гледано сè е во ред. Единствено незаконски во целата оваа приказна е тоа што некој го прислушувал мојот разговор со Рубиалес и го проследил до медиумите“, изјави Пике во директно обраќање на Twitch.

Пике, кој е сопственик на третолигашот Андора, исто така истакна дека нема конфликт на интереси, и дека зел помалку пари отколку што можел.

„Што се однесува до судирот на интереси, сите можете да видите дали федерацијата, судиите или кој било ми помага мене, на Барселона или на Андора. Горд сум што ѝ помогнав на федерацијата. Суперкупот ѝ носеше на федерацијата 120.000 евра, а сега носи 40 милиони. Дел од тие пари добиваат и второлигаши и третолигаши, тоа е проект од интерес на сите клубови во Шпанија. Што се однесува до парите што ми припаднаа мене, не ми се важни. Важно ми е проектот да е успешен и затоа побарав само 10% провизија, а реално е компаниите кои посредуваат во вакви договори да земаат и меѓу 15 и 20 проценти“, рече Пике.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе