Пилешкото и црвеното месо се подеднакво опасни за холестеролот

Внесувањето на зеленчук, млечни производи и мешунки е најдобро за одржување на здрави нивоа на холестерол, тврди студијата објавена во American Journal of Clinical Nutrition.

Познато е дека заситените масни киселини ја зголемуваат концентрацијата на липопротеини со мала густина (LDL) или т.н. лош холестерол во крвта.

Ако во телото се создаде повеќе холестерол, тој се таложи на ѕидовите на артериите кои носат крв до срцето и мозокот.

Ова може да предизвика срцев удар или мозочен удар. Заситените масти најмногу се внесуваат со јадење на производи од животинско потекло.

Со цел да се провери дали е валидна вообичаената претпоставка дека заситените масни киселини од црвеното месо придонесуваат повеќе за ризикот од кардиоваскуларни болести отколку оние од белото месо, научниците спроведоа посебна студија.

Тие тестирале повеќе од 100 здрави мажи и жени на возраст од 21 до 65 години. Учесниците во студијата поминаа низ три типа на режими на исхрана: исхрана со црвено месо, проследена со исхрана со бело месо и исхрана без месо. Секој режим на исхрана траеше четири недели.

Главниот извор на црвено месо за време на студијата беше говедско месо, додека пилешкото служеше како главен протеин од бело месо.

Научниците собраа примероци од крв на почетокот и на крајот на секој тестиран режим на исхрана.

Резултатите покажале дека исхраната базирана на растителна основа имала најдобар ефект врз нивото на холестерол, додека исхраните со црвено и бело месо имале еднакви ефекти на тие нивоа.

Сепак, експертите предупредуваат дека јадењето бело месо сепак може да биде поздраво од јадењето црвено месо, бидејќи не е познато на кој начин црвеното месо влијае на појавата на васкуларни заболувања.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе