СЕРИЈА А 2020/21

Пирло: Внимателно, Рома игра одлично

Стратегот на Јувентус е претпазлив во пресрет на утрешното дерби со Рома која е бод пред неговиот тим на табелата.

Утре вечер од 18 часот на „Алианц“ стадионот во Торино се игра дербито на 21. коло во Серија А помеѓу Јувентус и Рома. Гостите се одлични сезонава и моментално се трети со 40 бодови, еден повеќе во однос на тимот предводен од Андреа Пирло.

„Пред нас е натпревар против еден тим кој го игра можеби најубавиот фудбал во Италија. Мора да бидеме внимателни, имаат играчи кои се вешти со нозете особено при контра напади. Мора добро да се браниме, да грешиме малку за да не им пружиме шанси да нѐ фатат на контри“, изјави Пирло на денешната прес-конференција.

Во првиот натпревар сезонава кој се одигра во Рим двата тима ги поделија бодовите играјќи 2:2, а римјаните на двапати поведуваа.

„Ментално сме подобрени. Нокаутот од Интер ни помогна да сфатиме дека мораме на секој натпревар да сме добро сконцентрирани, да имаме мотивација. Доколку не сме тип-топ е тешко да се игра против било кого. И на терен сме подобрени, особено при транзицијата. Секогаш може подобро, но имаме малку време за тренинг и за да ги проучиме грешките“.

Се вели дека голема предност за Јуве ќе биде неиграњето на Един Џеко кој е во кавга со тренерот Паулу Фонсека. Но, Пирло не се согласува.

„За нас тоа не менува ништо. Ако не игра тој, ќе игра Мајорал кој е одличен играч, има голем потенцијал и игра добро. Џеко е великан, но и за нив нема многу да смени“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе