Пишманаџија - пратеник на Беса го извиси мнозинството

Закажаната седница ќе продолжи после еден час откако иницијаторите избројаа 60 пратеници, еден помалку од потребното мнозинство за изгласување недоверба на владата.

Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса на социјалните мрежи откри дека одлучил да не се појави на денешното гласање недоверба бидејќи добил информација дека во декември голема е шансата државата да добие датум за преговори за ЕУ.

„Една од главните причини за мене и за политичкото Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјава има големи шанси да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, одлучив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, објави тој на својот Facebook профил.

Во меѓувреме во Собранието пристигнаа и двајцата пратеника заразени со COVID-19, кои се во скафандри и под посебен протокол.

Завчера Димитар Апасиев од Левица кратко објави „62“ алудирајќи дека мнозинството има 62 пратеника, но денеска тоа се покажа како невистинито, барем засега.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе