Питагоровата теорема пронајдена на глинена плоча 1.000 години постара од Питагора

Иако популарната и добро позната Питагорова теорема се поврзува со името на хеленскиот филозоф Питагора, археолошките откритија покажуваат дека древните Вавилонци ја познавале оваа математичка теорема 1.000 години пред Питагора, и секако дека не ја нарекувале така.

Иако Питагора (Πυθαγόρας) бил важна историска личност во развојот на математиката, не бил првиот што ја сфатил равенката која најмногу се поврзува со него (a²+b²=c²).

Всушност, постои древна вавилонска табла (со привлечно име IM 67118, позната и како Db₂-146) која ја користи Питагоровата теорема за да ја реши должината на дијагонала во правоаголник. Плочата, која веројатно се користела за учење датира од 1770 п.н.е., векови пред да се роди Питагора околу 570 п.н.е..

Плочата IM 67118

Втората плоча од периодот околу 1800-1600 п.н.е. има квадрат со означени триаголници внатре. Преведувањето на симболите од основата 60, системот за нумерирање што го користеле древните Вавилонци, покажал дека овие древни математичари биле свесни за Питагоровата теорема, како и за другите напредни математички концепти.

„Заклучокот е неизбежен. Вавилонците ја знаеле врската помеѓу долгата дијагонала на квадрат и неговата страна: d=квадратен корен од 2, ова е веројатно првиот број за кој се знае дека е ирационален. Сепак, тоа значи дека биле запознати со Питагоровата теорема - или, во најмала рака, со неговиот посебен случај за дијагоналата на квадрат (d²=a²+a²=2a²) - повеќе од илјада години пред големиот мудрец по кого е именуван“, пишува математичарот Брус Ратнер во труд на оваа тема.

Па зошто му се припишува на Питагора? Ниту еден оригинален запис на Питагора не е зачуван. Она што го знаеме за него го пренеле други, особено питагорејците, членови на училиштето што тој го основал во денешна Јужна Италија. Училиштето, наречено Питагоров полукруг, било таинствено, но знаењето научено или откриено таму било пренесено и често му се припишувало на самиот Питагора.

„Една од причините за реткоста на питагоровите оригинални извори беше тоа што питагоровото знаење усно се пренесувало од една на друга генерација, бидејќи пишаниот материјал бил редок. Освен тоа, поради почит кон нивниот водач, многу од откритијата на питагорејците му се припишувале на самиот Питагора; ова би го објаснило терминот Питагорова теорема“, објасни Ратнер.

Иако Питагора не ја смислил теоријата, неговото училиште секако ја популаризирало и било поврзано со него барем во следните неколку илјади години, пишува IFLScience.

реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе