По 21 година анонимно вратени украдените ракописи на Чарлс Дарвин

МИА / КАЈГАНА
/ 07.04.2022 / 14:02

Бележниците на англискиот научник Чарлс Дарвин коишто биле украдени во 2001 година, сега се анонимно вратени во библиотеката на Универзитетот Кембриџ, објави Daily Mail.

Ракописите во кои познатиот научник ја образложува теоријата на еволуцијата и потеклото на животот исчезнале пред 21 година. Првично, вработените во библиотеката претпоставуваа дека се на погрешна полица, па ја пребараа целата библиотека, којашто содржи околу 10 милиони книги, мапи и ракописи… Но, тетратките што недостасуваа не беа најдени.

Во октомври 2020 година, полицијата во Кембриџшир беше известена за исчезнатите тетратки. Оттаму покренаа истрага, па беше пријавено и во Интерпол.

Година и пол подоцна, белешките, кои го содржат и познатиот цртеж на Дарвин од 1837 година – „Дрвото на животот“, сега се на своето место. Тие биле оставени на подот пред канцеларијата на библиотекарката Џесика Гарднер – на место невидливо за видеонадзорот.

Тетратките биле во розова торбичка. На неа била прикачена белешка којашто вели – „До библиотекарката – Среќен Велигден. Х“.

Претходно британските медиуми објавија дека во Велика Британија анонимен читател по 48 години вратил книга на латински во библиотеката на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

„Почитуван библиотекару, за жал, ова враќање доцни 50 години! Сепак, немојте да ја фрлате книгата, бидејќи одвоив време и труд да ја вратам. Веројатно веќе е библиографска реткост“, се вели во белешката.

Полицијата продолжува да го истражува исчезнувањето на ракописите на Дарвин.

реклама

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе