По 47 години откриен идентитетот на човек кој бил застрелан во глава во пустина во САД

Макфакс
/ 28.12.2023 / 08:59

Полицијата во САД ги идентификуваше останките на маж пронајден пред 47 години во плитка гробница на границата меѓу Аризона и Невада. Пробивот во случајот овозможи да се пребаруваат претходно недостапни бази на податоци за отпечатоци од прсти.

Телото на Луис Алонсо Паредес беше откриено од планинари во 1976 година.

Тој конечно беше идентификуван откако отпечатоците од прсти земени во тоа време беа споредени со отпечатоци во националната база на податоци што не беше достапна пред70-тите, соопшти во вторникот Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве.

Посмртните останки на Паредес беа пронајдени на 23 ноември 1976 година во пустинска област во Северозападна Аризона, источно од езерото Мохаве.

Тој бил од Ел Салвадор и можеби живеел или работел во областа Лас Вегас во моментот на неговата смрт, велат истражителите.

Аутопсијата направена во тоа време покажа дека тој најверојатно бил во раните до средината на 30-тите години и дека бил застрелан во главата од непосредно растојание, соопшти канцеларијата на шерифот.

И покрај тоа што властите земаа отпечатоци од прсти и создадоа фото-робот по пронаоѓањето на телото, жртвата остана неименувана речиси 50 години пред истрагата повторно да биде отворена во октомври оваа година.

Полицајците ги споредиле отпечатоците од прстите со сите достапни податоци и на крајот успеале да го идентификуваат.

Инспекторите досега не можеа да лоцираат ниту еден од роднините на Паредес, но открија дека тој најверојатно работел за американската крајбрежна стража и морнарицата во областа Сан Франциско една деценија пред неговата смрт.

Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве побара од јавноста да контактира со нив за какви било информации за случајот.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе