По Кербер стигна Харон, Европа се топи: Деновите пред нас би можеле да бидат најтопли досега

Макфакс
/ 17.07.2023 / 16:40

Низ Европа започна уште една пеколна недела со температури над 40 степени Целзиусови. Европската вселенска агенција (ЕСА) процени дека неделата во која влеговме може да биде најтоплата недела во Европа откако се направени мерењата.

Вчера Италија издаде црвен метео-аларм за 16 градови поради екстремно високите температури, додека метеоролозите предупредуваат деа температурите ќе достигнат рекордни нивоа низ Јужна Европа во наредните денови.

На шпанскиот остров Ла Палма, кој припаѓа на Канарските Острови, во меѓувреме, најмалку 4.000 луѓе се евакуирани поради шумски пожар, предизвикан од високите температури, кој сѐ уште не е ставен под контрола, соопштија властите.

Шпанија, Италија и Грција веќе неколку дена бележат многу високи температури, што предизвикуваат штети во земјоделството, објави Reuters.

Новиот антициклон Харон, кој од неделата дојде во Јужна Европа од Северна Африка, на почетокот на следната недела би можел да донесе температури над 45 степени Целзиусови во некои делови на Италија, така што топлотните рекорди ќе бидат срушени.

Пожар избувнал и на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија, соопшти компанијата што стопанисува со тој аеродром.

Минатата недела топлотниот бран го доби името Кербер, по лик од хеленската митологија и донесе пеколна атмосфера во туристичките центри низ Европа. Грчкиот Акропол се затвораше, а властите насекаде предупредуваа на потенцијалните катастрофални ефекти од екстремната топлина.

Оваа недела топлотниот бран што го напаѓа континентот го носи името Харон, по гемиџијата од Адот, подземјето во хеленската митологија, пренесува Jutarnji list.

Во кинескиот град Санбао во неделата беа измерени 52,2 степена Целзиусови, а американската Долина на смртта во Калифорнија, позната како една од најжешките точки на планетата, забележа 51,7 степени.

Во понеделникот Светската метеоролошка организација објави дека планетата ги забележала најтоплите денови во историјата на мерењата на почетокот на јули.

Неодамна објавената студија во списанието Nature Medicine вели дека минатата година повеќе од 60.000 луѓе починале како резултат на топлотен удар низ Европа, а највисоките стапки на смртност се забележани во Италија, Грција, Шпанија и Португалија.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Свет

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Read more

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Read more

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе