По колку бразилски ореви смеете да јадете на ден?

Бразилските ореви се богати со витамини, минерали (калциум, магнезиум, фосфор), како и незаситени масни киселини и растителни протеини.

Во бразилскиот орев има и многу селен, важен елемент во траги за обнова на клетките и имунолошкиот систем. Само еден јаткаст плод ја дава потребната дневна доза за селен,

И покрај многуте здрави состојки, германската Сојузна канцеларија за заштита од зрачење (BfS) сега предупредува на консумирањето бразилски ореви.

Тоа е така затоа што содржат значително повеќе радиоактивни материи од останатите намирници. Затоа не треба да претерате со нив, сметаат Германците. Нивната содржина на радиум е 1.000 пати поголема отколку во другите намирници.

Во принцип, сите намирници содржат природни радионуклиди. Според BfS, бразилските ореви имаат „посебна положба меѓу намирниците“.

Јаткастите плодови природно се радиоактивни

„Може да содржат радиум кој е околу 1.000 пати поголем од просекот на сите намирници контаминирани со радиум во Германија“, објаснува Сузан Мориц, експертка за исхрана во Баварскиот центар за советување на потрошувачи.

Колку бразилски ореви смееме да изедеме?

Според Сојузната канцеларија за заштита од зрачење, два бразилски ореви на ден се безопасни. Според BfS, консумацијата на два бразилски ореви дневно (околу 8 грама) го зголемува внесувањето на природни радионуклиди од конвенционалната исхрана за околу половина кај возрасните.

„Со изложеноста на зрачење на ова ниво никој не мора да очекува негативни здравствени последици“, стои на интернет страницата на BfS.

Но, секој кој редовно јаде бразилски ореви за да го подобри својот статус на селен треба да користи додатоци во исхраната без дополнително изложување на зрачење. Значи, ако сакате да продолжите да грицкате јаткасти плодови во текот на зимските празници кои се ближат, најдобро е да консумирате сезонски домашни плодови како лешници или ореви.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе