По повеќе од век најдени комплетни фајумски портрети во Египет

По повеќе од еден век египтолозите успеаја да откријат уште два комплетни примероци од фајумските портрети, како и една исклучително ретка фигура на божица.

Пред нешто повеќе од 110 години британскиот археолог Флиндерс Петри во оазата Фајум во Египет открил 146 портрети на ковчезите во кои биле сместени мумиите. Истражувачите кои уште од 2016 година ископуваат во истиот регион на наоѓалиштето Герза сега успеаја на оваа колекција да додадат уште два комплетни и неколку фрагментирани портрети.

Наодите се откриени среде рушевини кои според истражувачите од Арехеолошкиот институт од Австрија припаѓаат на остатоци од некогашниот древен град Филаделфија, на само 120 километри југозападно од Каиро. Според нив, тука се откриени и: згради, папируси, грнчарија и ковчези кои датираат од птоломејскиот и римскиот период, или од 305 година п.н.е. до 390 година од новата ера.

URL

Сепак, со својот изглед и значењето, покрај портретите од сите наоди, се истакнува и откривањето на статуата од божицата Изида-Афродита од теракота внатре во еден од ковчезите, што претставува своевиден раритет според тврдењата на археолозите. Шефот на проектот, Басем Гехад, откри дека таа го одржувала влијанието на Хелените во египетската уметност, како резултат на мешањето на заедницата која живеела на овое простори.

URL

Владата на оваа земја соопшти дека откритијата даваат увид во социјалните, економските и верските практики на луѓето кои некогаш живееле на тие простори. Владини претставници објаснуваат и дека фајумските портрети ги прикажуваат некои од најбогатите членови на заедницата, пракса што била типична кај древните Хелени, а така правеле и древните Египќани за време на периодот од 600 години.

Гехад во својата изјава за медиуми откри дека „никој не го знае контекстот што се крие зад овие портрети“, но се надева дека во иднина ископувањата во овој регион ќе резултираат со уште слични наоди кои тој и неговите колеги со помош на модерната технологија ќе можат да ги испитаат и да дадат поконкретни одговори на ова прашање.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе