По „Преспав“, вечерва првата епизода на серијата „Куќен притвор“ на МРТ 1

Новата играна серија „Куќен притвор“, која е првата spin-off серија во македонската ТВ-продукција ќе биде премиерно пуштена во етер вечерва во 20:15 часот на Првиот програмски сервис при МРТ, а публиката ќе има можност да ги погледне првите четири епизоди предпремиерно на стриминг платформата GLEY.

По исклучителниот успех на „Преспав“, чија што седма сезона е во фаза на подготовка, ОХО ПРОДУКЦИЈА на својата публика ѝ ги отвора вратите од домот на еден од најпопуларните, но и најмистериозни ликови од пансионот – Инспектор Томе. Кога Инспекторот е приведен од органите на прогонот, изречена му е мерка притвор која треба да ја издржува во местото на живеење според лична карта. По игра на случајот, на таа адреса живее поранешната сопруга на Томе, Вера, со нејзиниот нов и значително помлад партнер Мете.

„Куќен притвор“ е серија која низ вообичаените комични инструменти на ситкомот ќе претстави една поинаква, поинтимна страна на познатиот Инспектор, а ќе ги преиспитува и семејни динамики во најразлични контексти, имајќи предвид дека динамичниот наратив испреплетува социјални, емоционални и интимни, и современи политички аспекти.

Главните улоги ги толкуваат познатите актери од домашната сцена Горан Стојановски (Инспектор Томе), Ирена Ристиќ (Вера, сопругата), Сашко Коцев (Таки Кошка, адвокатот), Дениз Абдула (Мете, партнерот на Вера), Јована Спасиќ (Сузе, комшиката) и Зоран Љутков (Звонко, судијата).

Креатори на серијата се Пеце Талески, Сашо Кокаланов и Вардан Тозија. Главен сценарист е Сашо Кокаланов, главен режисер е Вардан Тозија, а продуцент е Пеце Талески (ОХО ПРОДУКЦИЈА). Се реализираше во копродукција со Македонска Радио Телевизија и националната стриминг платформа GLEY.

Како се снимаше новата серија и атмосферата Зад Сцените, можете да погледнете на видеото:

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе