По што се разликуваат стресот и анксиозноста?

Стресот и анксиозноста може да имаат слични симптоми, но постојат неколку разлики кои треба да ги знаете.

Зголемувањето на самосвеста и разбирањето на обрасците на однесување можат да помогнат во намалување на симптоми на стрес и нервоза. Разбирањето на стратегијата за стрес овозможува проактивни, а не реактивни одговори.

Симптомите на стрес и анксиозност можат да изгледаат многу слично, но постојат неколку разлики.

Стрес

Стресот е поттикнат од надворешен фактор кој општо може да се препознае. На пример, ако ви е дадена обемна задача која мора да ја извршите со рок до утре или ако сте неодамна отпуштени од работа, а имате заостанати сметки за плаќање.

Стресот е вообичаено искуство кое се јавува кога се смета дека задачите се премногу тешки за извршување, анксиозноста е поинтензивна и се јавува кога стресот се потиснува или со него не се управува на соодветен начин.

Симптоми на стрес:

- зголемена раздразливост

- нарушен сон

- намалено ниво на енергија

- промени во дишењето и срцевите отчукувања

- главоболка

- промени во апетитот

- чувство на преоптовареност

На стресот обично не се гледа како пријатно искуство, но промените кои се случуваат во телото всушност и треба да се случат. Симптомите на стрес во основа се вграден систем на активација дизајниран да ве предупреди или заштити.

Промените во нашето дишење, температура или срцеви отчукувања се истите промени кои ги чувствувале и нашите предци кога се соочувале со опасност.

Анксиозност
 

Анксиозноста е внатрешна реакција која се јавува кога стресот не го препознава. За разлика од стресот, анксиозноста има тенденција да се задржи дури и откако мина загриженоста.

Стресот е како настинка, додека анксиозноста е како алергија. Може да имаат слични симптоми, но откако ќе се изборите со настинката, немате ништо. Алергијата, од друга стана, е нешто што доследно треба да се следи.

Симптоми на анксиозност:

- чувство на нервоза

- постојани мисли ориентирани кон иднината или минатото

- нестрпливост, раздразливост

- неможност за концентрација и присутност

- нарушувања во сонот

- болки во стомакот или промени во апетитот

- претерана грижа или потреба за контрола

- потење, забрзано дишење, забрзана работа на срцето

Луѓето ќе доживеат повисоко ниво на стрес и склони се кон развој на анксиозни нарушувања ако нивните основни потреби (сон, исхрана и движење) не се исполнети на соодветен начин.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе