Побрзо се слабее ако секогаш вежбате во исто време

А.С.
/ 09.05.2022 / 17:55

Станува предизвик да се одвои време за вежбање, без разлика на околностите во кои живееме.

Во време на пандемија со рестриктивни мерки за движење, покрај тоа што не можеме да одиме во теретана, времето за физичка активност на отворено ни е ограничено. Тоа не треба да биде изговор, туку напротив-поттик паметно да го испланираме времето и да излеземе на трчање или возење велосипед, а вежбањето да го оставиме за во домашни услови.

Научни истражувања покажаа дека побрзо ќе го намалите вишокот килограми ако имате рутина на вежбање што ја изведувате секогаш во исто време, а не кога ќе стигнете и со правење големи паузи меѓу деновите за вежбање.

Science Alert објави дека многу истражувања покажае дека најдобар ефект од вежбањето се постигнува ако истата физичка активност ја изведувате во исто време во деновите предвидени за тоа.

Студијата на истражувачите од медицинскиот факултет Браун Алперт во САД покажа дека не е важно дали трчате наутро или возите велосипед попладне коолку што е важно истата активност да ја изведувате секогаш во истото време.

Учесниците во оваа студија кои се придржувале до оваа препорака забележале поголем успех во симнувањето на вишокот килограми со вежбање во споредба со оние кои вежбале редовно, но во различни периоди од денот.

Истражувачите го објаснуваат ова со фактот дека луѓето кои вежбале на овој начин создале дневна рутина, па поретко им се случува да пропуштат тренинг. Тие вежбањето го ставиле во листата на дневни обврски, како одење на работа или подготвување оброк. На тој начин не се форсираат дали ќе успеат да извежбаат или не, туку точно знаат кога ќе го направат тоа и паметно го планираат остатокот од времето. Не ја трошат залудно енергијата и нервите и не се занимаваат со изговори.

Научниците советуваат дека ако сакате да останете во форма треба да вежбате вкупно 150 минути неделно, при што во секој тренинг треба да имате барем 10 минути вежби со висок интензитет.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе