Почетино веднаш започна чистка: 14 имиња на списокот на непожелни

Кога дојде, кога се фати за метлата. Аргентинскиот стратег Маурисио Почетино само што пристигна во Челси веднаш почна да прави чистка за тоа кои играчи нема да му се потребни.

Прв кој ја доби метлата на Аргентинецот е португалскиот фудбалер Жуау Феликс, чија позјамица од мадридски Атлетико нема да биде продолжена, ниту пак ќе му биде откупен договорот. Тој по само една сезона на „Стемфорд Бриџ“ ќе се врати во Мадрид.

Во договорот за појамица Челси имаше опција да го откупи, но Почетино веднаш ја отфрли таа можност бидејќи не го планира во тимот. За ваквата одлука бил известен Атлетико.

„Вистината е дека не можам да кажам каков е планот со Жуау. Новиот тренер не го сака во Челси. Ќе се врати во Мадрид, ништо немаме испланирано“, изјави Енрике Сересо, претседателот на Атлетико.

Британските медиуми јавуваат дека Почетино почнал со чистка за да го реконструира тимот онака како што нему му одговара. Чесли сезонава заврши на разочарувачкото 12-то место, па не е чудно што новиот стратег сака да се ослободи од повеќето играчи.

Почетино летово ќе тргне во поход по нов голман, играч од средината и напаѓач, а планира да се ослободи од најмалку 14 фудбалери кои според пресметките треба да му донесат 320 милиони евра за трансфери.

Покрај Жуау Феликс, Почетино на списокот со играчи на кои не рачуна ги ставил и Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ, Хаким Зијеш, Н'Голо Канте, Калиду Кулибали, Пјер-Емерик Обамејанг, Сесар Аспиликуета, Денис Закарија, Калум Хадсон-Одои, Мејсон Маунт, Конор Галагер, Тревох Чалоба и Рубен Лофтус-Чик.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе