Почина Љубисав Иванов - Ѕинго, почесниот претседател на ФФM

Во 84-та година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Љубисав Иванов -Ѕинго е роден на 8 ноември 1936 година во с. Трновац, Кратово. За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) беше избран на 7 февруари 1993 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година.

– Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е беспредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.
Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго.
Нашите мисли сѐ со Вас, стои во пораката на Муамед Сејдини, претседател на Фудбалска федерација на Македонија. 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе