Починаа две млади родилки од COVID-19

Во изминатото денонокие починаа две родилки позитивни на COVID-19, кои овој месец беа породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.  Една од родилките почина на КАРИЛ, а другата во ГОБ „8 Септември“, соопштија од Клиниката.

Едната почината родилка е 33-годишна жена од Делчево, второротка. Таа е породена термински со царски рез. Роди машко бебе од 3.200 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од ГАК со тежина од 2.900 грама.

Родилката беше примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Таа беше породена на нашата клиника на 11 март и поради влошување на нејзината клиничка состојба, беше препратена на натамошно лекување во ГОБ „8 Септември“. Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март родилката добила негативен ПЦР тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март и беше направен антигенски рапид тест кој покажа позитивен резултат.

Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка, второротка, која беше породена на ГАК со царски рез, во 30-та недела од бременоста.

Родилката на ГАК беше донесена од Инфективната клиника во Скопје на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата состојба, беше препратена на интензивно лекување на КАРИЛ. Нејзиното предвремено родено бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е респираторно зависно, стои во соопштението од Клиниката. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе