НБА 2022/2023

Почна НБА плеј-офот: Сакраменто се врати по 16 години и го победи шампионот

Кошаркарите на Сакраменто Кингс славеа на домашен терен против Голден Стејт Вориорс со 126:123 на стартот од НБА плеј-офот.

Де'Арон Фокс одигра брилијантна партија со 38 поени, од кои 29 во вториот дел од натпреварот и ги предводеше „Кралевите“ до голем триумф против актуелниот шампион.

Малик Монк натпреварот го заврши со 32 поена, а Домантас Сабонис имаше 12 поена и 16 скока за домашниот тим, кој се пласираше во плеј-офот за првпат по 16 години.

Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 30 поени, Клеј Томпсон додаде 21, а Вигинс и Пул имаа по 18 поени.

Remote video URL

Изненадувањето го направија Њујорк Никс кои на гости го совладаа Кливленд Кавалирс со 101:97, а одлични беа Џејлен Брунсон со 27 и Џулиус Рендл со 19 поени.

На домашниот тим не му помогна ниту феноменалниот Донован Мичел со 38 поени, Дариус Гарланд постигна 17 поени, а Џерет Ален имаше 14 поени и 14 скока. Еван Мобли имаше 8 поени при шутирање 4 од 13.

Remote video URL

Претходно Џејлен Браун имаше 29 поени и 12 скока, а Бостон Селтикс ја искористи лошата шутерска вечер на Атланта Хокс и победи со 112:99 во првиот натпревар од плејофот на Источната конференција.

Џејсон Тејтум постигна 25 поени, од кои 21 во првото полувреме. Дерик Вајт заврши со 25 поени и 11 скока за Бостон, кој е домаќин на вториот натпревар во вторник.

Дежунт Мареј ги предводеше Хокс со 24 поени, 8 скока и 6 асистенции. Треј Јанг додаде 16 поени.

Remote video URL

Џејмс Харден погоди 7 тројки и имаше 23 поени и 13 асистенции, додека Жоел Ембиид постигна 26 поени, а Филаделфија 76ерс лесно го совладаа Бруклин Нетс со 121:101.

На другата страна Бриџис постигна 30 поени за Нетси.

Remote video URL

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс 97:101
Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс 126:123
Филаделфија 76ерс - Бруклин Нетс 121:101
Бостон Селтикс - Атланта Хокс 112:99

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе