Почна трансферот на најмоќната функција во светот

Процесот на предавање на власта во САД конечно започна, иако Трамп не се откажува од оспорување на изборните резултати.

Доналд Трамп сè уште нема признаено пораз од Џо Бајден на претседателските избори во САД, но тој прифати дека треба да започне формален процес на транзиција, иако неговиот тим продолжува да се жали на судовите. Што значи оваа транзиција и зошто е толку важна?

Што значи транзиција или предавање на власта?

Тоа е предавање на важни информации и должности од една на друга администрација - што гарантира дека новоизбраниот претседател и неговиот тим се во тек со сите случувања кога ќе пристигнат во Белата куќа.

На новата администрација ѝ помага владина агенција позната како Управа за општи работи (GSA), која обезбедува средства и помага со работи како што се канцелариски простор, опрема и технологија.

Транзицијата обично трае 11 недели, најчесто од моментот кога станува очигледно кој е победникот, до 20 јануари, кога следниот претседател официјално ја презема должноста.

Не се предава само една работа - новиот претседател мора да пополни околу 4.000 политички позиции, според Центарот за претседателска транзиција.

Што се случува за време на преодниот рок?

Се случуваат три главни работи - се избира персонал, се одржуваат брифинзи и се организира набиен распоред на избраниот претседател.

Штом официјално започне предавањето, го води преодниот тим на избраниот претседател, кој се подготвувал за тоа во текот на целата кампања.

Еден од најважните елементи е секојдневниот безбедносен брифинг.

Сите главни кандидати за претседател добиваат некои информации за националната безбедност пред изборите, но овие брифинзи не се толку чести или детални како оние што ги добива избраниот претседател.

Бајден сега ќе добива секојдневни брифинзи од доверливи разузнавачи на САД, што ќе обезбеди дека новата администрација е подготвена за сè што може да и се случи.

Новата администрација исто така доби дополнителен канцелариски простор и опрема додека се подготвуваше за живот во Белата куќа.

Обично се организираат состаноци со сегашни членови на владини агенции за да помогнат во ангажманот на вработените и промените во политиките, а клучните членови на тимот обично го придружуваат персоналот во заминување за да се подготват за нивните нови улоги.

Бајден веќе започна со назначување клучни членови на неговиот тим, но процесот на транзиција им помага на раководителите на секоја владина агенција да ги идентификуваат улогите што тие мора да ги исполнуваат.

Од 4.000 политички позиции што ги пополнува новата администрација, за околу 1.200 потребно е одобрување од Сенатот - а владата помага да се спроведат нивните безбедносни проверки за време на транзицијата.

Годинава дополнителен елемент е и пандемијата со COVID-19, а Џо Бајден рече дека сака повеќе контакти со највисоките претставници на здравствените агенции и пристап до сите информации за јавното здравство.

Покрај состаноците со владини претставници, преодниот тим обично се координира со Стејт департментот за да договори телефонски разговори помеѓу избраниот претседател и странски лидери.

Досега, тимот на Бајден мораше да комуницира преку неофицијални канали.

Тој сега ќе може да користи владина е-пошта и да има пристап до безбедни канали.

По претходните избори, избраниот претседател и неговата сопруга – Доналд и Меланија Трамп, беа однесени на турнеја низ Белата куќа и ги прашаа за нивниот омилен декор додека се подготвуваа да се вселат - иако тоа беше повеќе шоу отколку законска обврска.

Зошто транзицијата е одложена?

Трансферот на власта обично започнува кога GSA испраќа писмо со кое го признава следниот претседател. Но, оваа година, GSAодби да издаде писмо со кое го признава Бајден за победник, до 23 ноември - скоро три недели по изборите. Тоа ја блокираше распределбата на средства и други ресурси за тимот на Бајден.

Законските услови за тоа кога мора да започне транзицијата не се многу јасни, што ѝ даде на администрацијата на Трамп уште еден простор да бара одложувања додека ги предизвикува изборните резултати.

Според законите на САД, GSA мора да иницира транзиција кога има „очигледен победник“, иако не го одредува точниот датум кога тоа мора да се случи.

Имаше задоцнување и претходно - во 2000 година, транзицијата беше двојно пократка од вообичаеното, бидејќи изборните резултати беа оспорени на суд, иако тоа беше многу потесна трка од оваа година.

За споредба, Трамп беше признат од GSA како победник ден по изборите во 2016 година - долго пред објавувањето на официјалните резултати - и тој го посети претседателот Обама во Белата куќа ден потоа.

Кој плаќа за сето ова?

Трошоците за транзицијата се покриваат со комбинација на државни пари и приватни фондови.

Откако GSA ќе го признае избраниот претседател, се издвојуваат околу 7 милиони американски долари федерални средства.

На ова обично се додаваат и средствата собрани од самиот избран претседател.

New York Times објави дека Бајден собрал околу 7 милиони долари за неговата транзиција на почетокот на ноември и оттогаш побарал од своите приврзаници повеќе средства.

Сè оди за плаќање милиони долари во трошоци направени од претседателската транзиција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе