Почнува Европското првенство во ватерполо

Вечерва во Загреб и Дубровник ќе започне Европското првенство во ватерполо. Континеталниот шампионат ќе заврши на 16 јануари кога ќе биде познат новиот шампион и еден патник на Олимписките игри во Париз.

Хрватска во ноември минатата година ја доби организацијата на Европското првенство откако Израел остана без домаќинството поради војната со Хамас.

Хрватите второ издание по ред ќе бидат домаќини и ќе се обидат да ја одбраната титулата освоена во 2022 година, кога се играше само во Сплит.

Првенството во Загреб и Дубровник се игра во различен формат од претходно, со четири групи во две дивизии, кои беа формирани врз основа на резултатите од претходното ЕУРО.

Осумте најдобри екипи ја формираат дивизијата 1, а другите осум се во дивизијата 2.

URL

Двете најдобри екипи од секоја група во првата дивизија ќе се пласираат директно во четвртфиналето. Преостанатите две екипи од посилната дивизија во плеј-офот ќе се сретнат со двете најдобри селекции од дивизијата 2.

Шеснаесет селекции ќе се борат за европското злато, но и за една олимписка виза. Во случај шампион да биде Унгарија, Грција или Франција, кои веќе имаат обезбедено место, следната најдобро пласирана репрезентација ќе оди во Париз.

Remote video URL

Исто така ова ЕУРО ќе ги даде и последните учесници на Светското првенство кое во Доха (Катар) ќе се игра од 2 до 18 февруари.

Дивизија 1

Група А

Хрватска
Шпанија
Франција
Црна Гора

Група Б

Унгарија
Грција
Италија
Грузија

Дивизија 2

Група Ц

Србија
Израел
Германија
Малта

Група Д

Словачка
Холандија
Словенија
Романија

Вечерва од 17 часот ќе се одиграат дуелите Црна Гора - Франција и Грузија - Италија, од 19 ќе започне натпреварот Унгарија - Грција, а во 20:15 часот домаќинот Хрватска ќе игра против Шпанија.

Љубителите на ватерполо во Македонија натпреварите ќе можат да ги следат на каналите на Sport Klub.

Тагови
реклама

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе