Почнува „КинеНова“ – филмови, „Режисерот во фокус“ и мастерклас

Под мотото „Првиот остава трага“ од денеска до 14 октомври во Скопје ќе се одржува 7. Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“.

Со проекции во „Милениум“ и во Кинотека, организаторите на домашната публика ќе и ги „подарат“ актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност.

-Октомври традиционално станува месец на „Киненова“.Секоја година се снимаат се поквалитетни деби остварувања и како селектор се соочувам со слатки маки кои филмови да влезат во конкуренција за фестивалските награди, вели програмскиот селектор Игор Анѓелков.

Според него, фестивалот нуди возбудливи програмски содржини низ фокусиран концепт кој е единствен од ваков вид кај нас.

-За годинашните лауреати во официјалната, но и во селекцијата за краткометражни остварувања, ќе одлучува интернационалното жири во состав Аида Бегиќ (БиХ), Паво Маринковиќ (Хрватска), Елеонора Венинова (Северна Македонија), Симоне Стараче (Италија), и претседателката на жирито Илдико Енједи, наградуваната унгарска режисерка, која воедно е добитник на Наградата за особен придонес во светската филмска уметност. Таа ќе одржи и мастерклас за публиката, споделувајќи ги нејзините филмски искуства за снимањето на победникот на Берлиналето во 2017 година, филмот „За душата и телото“, потоа финалист и за Оскарот, соопшти директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.

Во киното „Милениум“ вечер од 20 часот фестивалот ќе биде отворен со хрватскиот филм „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји. Ова е еден од осумте филмови кои се дел од официјалната компетиција за фестивалските награди, меѓу кои има и филмови од Романија, Полска, Србија, Италија, Турција и од Косово.

Мeѓу фестивалските содржини се и „Режисерот во фокус“ – австрискиот маг Михаел Ханеке, изборот на филмови од актуелната португалска и ирска кинематографија, како и соработката со полскиот фестивал „Вистула“ кој ќе ја претстави тамошната актуелна кинематографија. 

реклама

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе