КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Почнуваат најтешките и најлудите квалификации за СП, 54 репрезентации се борат за 9 места

Квалификациите за Мундијалот 2026 започнаа во Азија и Јужна Америка, а Африка во среда ја започнува својата двегодишна квалификациска кампања за да се утврди кои ќе ги пополнат деветте директни места на настанот чиј домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД.

Најтешки квалификации во свет

Повеќе места за Африка на следното Светското првенство не го намалија интензитетот на квалификацискиот процес, често опишан како најтешкиот во светскиот фудбал, кој започнува оваа недела. Проширувањето на Мундијалот од 32 на 48 репрезентации значи дека африканската квота на учесници е зголемена од 5 на 9, со можност за уште едно место преку новиот систем за меѓуконтинентални баражи што е воведен.

Долгите растојанија што треба да се поминат, во комбинација со лошите и ретки воздушни врски, екстремната клима, бедните терени и стадиони и распространетата култура на непријателство кон гостинските репрезентации, го означија африканскиот квалификациски процес како најтешок од шесте континентални конфедерации.

За Светското првенство во 2026 година, 54-те африкански учесници се поделени во 9 групи, а само на победниците ќе им биде загарантиран пласман на Мундијалот. Четирите најдобро рангирани второпласирани ќе учествуваат во плејофот за одредување на еден тим што ќе се пласира во меѓуконтиненталниот бараж според новиот систем, во кој по една репрезентација од секој континент ќе учествува на мини-турнир за одредување на последните две мундијалски места.

Една репрезентација веќе се откажа

Вкупно 13 африкански земји, почнувајќи од Египет во 1934 година, досега играле на завршницата на Мундијалите, а Камерун е најчестиот учесник со вкупно 8 настапи. Камерунците ја започнуваат својата кампања со домашен натпревар во Дуала в петок против Маврициус, пред да отпатуваат за Либија следниот вторник во рамките на групата Д.

Мароко, кој лани стана првата африканска земја што стигнала до полуфинале на Светско првенство, требаше да игра со Еритреја в четврток, но сиромашната источноафриканска нација неочекувано се повлече.

Причината не беше наведена, но пустинската земја во Рогот на Африка веќе ги има видено своите играчи како бегаат и бараат политички азил секогаш кога ќе одат на натпревари во странство. Првиот натпревар на Мароко во групата Е е следниот вторник на гостувањето кај Танзанија, со која ќе играат и на Африканскиот куп на нации во јануари, а чиј домаќин е Брегот на Слоновата Коска.

19 репрезентации не смеат да играат дома

Зимбабве, кој беше исфрлен од последните квалификации откако не успеа да се договори со својот поранешен селектор, се враќа по уште едно отсуство, овојпат поради политичко мешање во работата на нивниот фудбалски сојуз, за ​​да се соочи со Руанда на гости во среда. Тоа е првиот од 260-те натпревари во африканските квалификации кои ќе завршат во октомври 2025 година.

Зимбабве ќе остане во Руанда по отворањето на групата Ц во среда и таму ќе ѝ биде домаќин на Нигерија в недела. Зимбабве нема одиграно меѓудржавен натпревар речиси две години и е една од 19-те земји чии стадиони се етикетирани како несоодветни според меѓународните стандарди, принудувајќи ги да ги преселат своите домашни натпревари на неутрален терен.

Други на кои им е забрането да играат дома се: Буркина Фасо, Бурунди, Гамбија, Гвинеја, Есватини, Етиопија, Јужен Судан, Лесото, Намибија, Нигер, Саун Томе и Принсипе, Сејшели, Сиера Леоне, Сомалија, Судан, Централна Африка, Чад, Џибути.

Групите:

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе