Поетесата Александра Спасеска ја промовира книгата „Прости песни“ во Струмица

Здружението КОНТЕКСТ - Струмица ја организира промоцијата на дебитантската стихозбирка „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“ од Александра Спасеска, во издание на ПНВ Публикации.

Промоцијата ќе се одржи на 2 февруари 2023 година, од 18:30 часот, во просториите на Europe House Струмица.

По успешната промоција на „Прости песни“ на Саемот на книга 2023 во Скопје, и распродадено прво издание за само 13 дена, како и одличното претставување пред домашната публика во Прилеп и пред читателската публика во Охрид и во Велес, авторката, новинарка и преведувачка Спасеска ќе ја претстави „Прости песни“ во Струмица.

Промоцијата ќе ја води Митко Гогов, а стихови ќе чита актерката Александра Стојановска.

„Благодарен сум што Европската куќа во Струмица по втор пат ги отвора вратите за дел од активностите на Контекст-Струмица, така по 15. издание на Роднокрајните поетски средби, годинава ја започнуваме со промоција на дебитантската збирка поезија ‘Прости песни’ на Александра Спасеска.

‘Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)’ на Александра Спасеска е колекција од стихотворби кои таа со доза на умереност ги споделуваше со љубителите на поезијата и блогерите повеќе од една декада, а јас уште од самите почетоци ја мотивирав да ги собере и стави во една книга. Конечно 2023 година Александра ја создаде оваа колекција поетско небо и укоричена ја сподели со заинтересираните читатели. Станува збор за сериозен автор со зрел стил на изразување, кратка и симплифицирано во формата на зборокреација, ‘Прости песни’ наиде на огромен интерес и прием кај поетољупците. По излегувањето од печат на второто издание и по неколку промоции во државата, среќни сме што оваа стихозбирка ќе биде претставена пред струмичката публика.

Александра е позната на Струмица по учеството како поетеса, но и како преведувачка/ препејувачка на Меѓународниот поетска манифестација ‘100 Илјади поети за промена’ и тоа во неколку изданија, затоа честа и задоволството да ја имаме со нас е голема. Со оваа промоција и изложбата на Страхил Петровски, насловена ‘Реминисценции’ можеме да кажеме дека ‘Контекст-Струмица’ ветува богата културна програма годинава“, рече Гогов.

Дебитантската стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни поделени во три циклуса: „Писма до неа“, „Песни за неговата песна“ и „Земање збогум“, како и поговор од Снежана Стојчевска која ќе истакне: „Со оваа книга Спасеска го продолжува везот на проста и строга македонска песна, ткаена од копнеж и болка и успева да изгради музеј на болката“.

Поетесата Долорес Атанасова Лори во освртот кон книгата ќе рече дека „’Прости песни‘ во себе го носи гласот на авторката Александра Спасеска, што се јавува како на сон или во мигови на длабоко, мисловно вникнување, и нѐ води низ лавиринтите на она што е таа-жената, лавиринтите на чезнеењето по другиот, таа е гласот што ја исцртува мапата на интимни патувања во себе, длабоко во нејзиниот свет“.

Марија Велинова во „За себеосознавањето преку Другиот и преродувањето преку Смртта“ објавен во Култура ß, вели дека „... евидентна е збитоста, компактноста и елиптичноста на поетскиот израз, чинам нема песна чии стихови се подолги од половина страница. Зборовите се внимателно одбрани и ни дозволуваат да го почувствуваме поетскиот дух на Александра преку вметнувањето на архаизмите и прилепскиот дијалект“.

Вториот поетски ракопис на Спасеска, насловен „Координати на болката“, влезе во потесниот избор за наградата „Антево перо“ за 2023 година и се закити со признанието „Антев златник“.

Нејзината поезија се најде и во „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, што беше промовирана на 35. Поетска ноќ во Велестово.

Александра Спасеска е родена на 23 јули, 1984 година во Кавадарци. Основно и средно образование завршува во Прилеп, а од запишувањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2003 година, живее и работи во Скопје.

Од 2008 година работи како преведувач и уредувач на вести во дневниот весник „Вест“ речиси до неговото згаснување, а во 2017 година доаѓа во Редакцијата на Кајгана Медиа каде денес работи како заменичка на главниот уредник. Дел е од тимот на ДИЈАЛОГ- Центар за делиберативна демократија, пишува за феминистичката платформа Медуза и е со-координаторка на македонскиот огранок на организацијата Модна револуција. Авторка е на блогот Александрина Везилка. Нејзини текстови биле објавени и во Pixel.mk, платформата Bastet Noir и блогот Culture Matters на Europe House.

Нејзината поезија досега била објавувана во неколку онлајн изданија, меѓу кои книжевниот прилог „Ш“ на студентското списание „Излез“; како и печатени антологии, меѓу кои Антологијата на младата македонска авангардна поезија; таа е првата поетеса од земјава застапена во првото печатено издание на книжевниот зборник The San Antonio Review од Сан Антонио, Тексас; била учесничка во Астални проекции и застапена е во истоимениот зборник; објавена е во панорамата Допир (2019), и списанието за литература „Современост“; има учествувано во неколку изданија на поетската манифестација „100 илјади поети за промена“ како авторка и преведувачка; на манифестацијата по повод Меѓународниот ден на културната разноликост на ОН и УНЕСКО во организација на ПЕН, како и на манифестацијата Песнило во организација на МКЦ и шестата Поетска епизода, „Ново читачко лето“ во организација на Култура ß. Има соработувано со неколку македонски автори како преведувач и препејувач.

Фотографии: Ерина Богоева
Дизајн на постер: Борјан Исајловски

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе