Погба доживеа семејна драма: Нѐ ограбија додека нашите бебиња спиеја во куќата

Францускиот фудбалер Пол Погба добро ќе го памети 15 март бидејќи неговиот Манчестер Јунајтед во вторникот вечерта беше елиминиран од Лигата на шампионите, а малку подоцна доживеа вистинска семејна драма.

Имено, додека тој се борел со соиграчите за да постигне што подобар резултат на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико (0:1), крадци упаднале во куќата на Погба.

Французинот останал запрепастен кога дознал за немилиот настан бидејќи во неговиот дом тогаш биле само нивните бебиња.

„Нашето семејство го имаше најлошиот кошмар минатата ноќ кога крадци упаднаа во нашиот дом додека бебињата спиеја во нивната соба. Крадците биле таму само 5 минути, но одзедоа нешто многу повредно од сѐ што имавме во нашиот дом, и тоа е чувството на сигурност. Тоа се случи во последните минути од синоќешниот натпревар кога крадците знаеја дека не сме во нашиот дом. Сопругата и јас побрзавме дома не знаејќи дали нашите деца се безбедни и неповредени. Како татко, нема полошо чувство на светот од она кога не можете да ги заштитите своите деца. Искрено се надевам дека никој никогаш нема да мора да го почувствува тоа што јас го чувствував“, напиша Погба синоќа на социјалните мрежи.

Францускиот играч за врска на крајот од своето обраќање понуди награда за секој кој ќе му помогне со информации за грабежот.

URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе