Зад називот Platinum Edition се кријат уште подобро опремените модели Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid.
Понудата за луксузниот спортски модел на Porsche е проширена со нов пакет кој се крие зад називот Platinum Edition, a треба да им се допадне на купувачите на кои им е важен комфорот и нивото на опрема.
Се издвојуваат темни 21-инчни алуминиумски фелни и автоматски LED Matrix светла. Тука се и затемнети стакла и нова нијанса на куќишта на задните LED светла.
Кожата е обложена со темна боја, има греeње на предните и задните седишта, четири зони на климатизација, сателитски радио-приемник.
Купувачите мора да бираат меѓу 4 бои на каросеријата. За Panamera 4 Platinum Edition која ја движи 2,9-литарски бит турбо V6 мотор кој развива 330 КС и 450 Nm, треба да се издвојат 111.945 евра.