Погледнете ја Гал Гадот во трејлерот за „Wonder Woman 1984“
Дејството се случува во 1984, тоа е јасно. Нашата веќе позната хероина Дијана (Гал Гадот) се соочува со нејзината најопасна соперничка досега – Чита (Кристен Виг) – суперѕвезда археолог која исто така е хибрид меѓу човек и гепард.
„Ти секогаш имаше сѐ. Е па, луѓето како мене немаа ништо. Сега мене ми е редот. Навикни се на тоа“, ѝ вели таа на Дијана во трејлерот.
Стив (Крис Пајн) исто така се враќа во приказната.
Премиерата е закажана за 2 октомври, освен ако пандемијата не ги смени плановите на Warner Bros. Pictures.