Полицијата евидентирала 112 лица кои не носеле заштитни маски

Во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 20 лица, а за останатите се земени податоци по што ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на изминатото деноноќие информираат од МВР, на територијата на државата на 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 72 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 112 лица кои што ја прекршиле оваа мерка.

Од 1 мај се казнува непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема. Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, потсети Филипче и апелираше да се почитуваат мерките воведени за заштита од COVID-19.

Лицата кои нема да носат заштитна маска ќе бидат казнети 20 евра. Фирмите кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените ќе бидат казнети со 2.000 евра, а одговорното лице на фирмата посебно ќе плати казна од 1.000 евра.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Хроника

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе