Полицијата во Франција протестира против забраната за постапката за задушување

Француската полиција денеска протестираше во голем број градови против владината забрана за постапката за задушување и техниките на физичка воздржаност за ограничување на движењето на една личност. Владата ја донесе одлуката како одговор на гневот на јавноста за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД и наводната полициска бруталност во Франција.

Во Париз, полицајците паркираа десетици службени возила кај Триумфалната порта, а потоа поминаа низ Елисејските полиња. На едно комбе беше закачен транспарент со „Нема полиција, нема мир“, а на друго фотографија на која се прикажани повредени полицајци нападнати за време на должност.

Протестите беа организирани по состанокот на претставниците на полициските синдикати и министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, свикан за да се обиде да го смири гневот кај полицајците поради владините мерки.

– Претставниците на синдикатот му пренесоа порака на министерот дека постапката на задушување всушност спасува животи и дека полицајците мора да ја имаат на располагање оваа техника сè додека не се најде соодветна алтернатива, рече Фабјан Ванемелрик од Националното здружение на полицајци.

То истакна дека полицијата не може да биде одговорна за сѐ што не чини во општеството.

– Втората работа што му ја кажавме беше да престане да купува социјален мир… на начин што ќе им угодуваме на некои групи на штета на полицијата, рече Ванемелрик.

Во париското предградие Бобињи синоќа полицајците протестираа пред станицата и ги фрлија лисиците на земја. Во Лион, пак, полициските службеници ги паркираа возилата на централниот градски плоштад со вклучени ротирачки светла.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе