Полипи на матка: Причина, симптоми и третман на проблем што понекогаш може да доведе до рак

Полипите на матката се формираат на нејзиниот внатрешен ѕид и се главно бенигни.

Најчесто се појавуваат кај жени во менопауза и кај жени со висок крвен притисок, жени со прекумерна тежина и кај оние кои примаат хормонска терапија со висока доза на естроген.

Полипите на матката се долгнавести или кружни израстоци на внатрешниот ѕид на матката и обично се бенигни, но постои можност да преминат во рак.

Полипите на матката се предизвикани од прекумерен раст на ендометријалното ткиво и се прикачени на слузницата на матката со тенко стебленце.

Тие може да се разликуваат по големина, па затоа има и такви со големина од неколку милиметри до неколку сантиметри.

Причини за полипи на матката

Полипите на матката најчесто се појавуваат кај жени во перименопауза и менопауза, но понекогаш се присутни и кај помлади жени.

Исто така, постои поголема шанса за нивна појава кај жени со прекумерна тежина, жени со висок крвен притисок (хипертензија) и жени кои земаат хормонски замени кои вклучуваат високи дози на естроген.

Симптоми на полипи на матката

Симптомите на полипите на матката се различни и често човек на почетокот нема да помисли дека се полипи. Токму затоа е важно да се оди на редовни гинеколошки прегледи.

Симптомите се:

- неправилни менструации

- обилно менструално крварење кое не е вообичаено

- крварење помеѓу менструации

– крварење после сексуален однос

- крварење после менопауза

Ако полипите се прилично големи (неколку сантиметри), понекогаш може да предизвикаат досадна болка во долниот дел на грбот или стомакот. Без разлика што тие се претежно бенигни, односно безопасни, многу е важно да се обратите на лекар доколку забележите некои од овие симптоми бидејќи се многу слични на симптомите на рак на грлото на матката.

Како се третираат полипите на матката?

Третманот на полипите на матката зависи од симптомите што ги предизвикуваат и други фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на матката.

Ако жената е сè уште во репродуктивна возраст и полипите не предизвикуваат премногу симптоми, лекарот најверојатно ќе го следи нивниот развој и ќе ги третира само кога ќе почнат да претставуваат ризик по здравјето.

Меѓутоа, доколку полипите почнат да предизвикуваат одредени симптоми и да влијаат на квалитетот на животот, ќе биде неопходен третман.

Третман на полипи на матката

Полипите на матката може да се третираат на неколку начини:

1. Лекови

Важно е да се нагласи дека лековите не се долгорочно решение бидејќи симптомите почнуваат да се враќаат веднаш штом ќе се прекине терапијата.

2. Хистероскопија

Хистероскопијата е хируршко отстранување на полипи и, за време на оваа процедура, лекарот ќе користи хистероскоп за да ја испита внатрешноста на матката, да ги пронајде полипите и да ги отстрани. Доколку докторот смета дека е потребно, полипите ќе ги испрати во лабораторија на испитување за да се види дали има знаци на рак.

Приближно пет проценти од сите полипи на матката се канцерогени.

Не смеете да имате секс два дена пред хистероскопијата, а непосредно пред процедурата ќе треба да направите тест за бременост. Хистероскопијата трае помеѓу 15 и 30 минути, а веднаш потоа одите дома и можете да се вратите на вашите вообичаени активности.

Исто така, можно е да почувствувате мала болка слична на менструалната болка и да искрварите благо во следните десет дена.

Се препорачува да имате секс дури по следната менструација.

реклама

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе