Полнети пиперки на мексикански начин

За ручек подгответе полнети пиперки на мексикански начин - раскошен фил со пченка и кашкавал што се топи.

Полнети пиперки е едноставно, а вкусно јадење кое Македонците го обожаваат и е цврсто втемелено во македонската кујна, а се прави и во други балкански држави, како Грција, Србија, Хрватска и Албанија. Ако сте љубител на полнети пиперки, тогаш дефинитивно треба да ја пробате и мексиканската верзија. Во Мексико филот содржи пченка, а меѓу двата слоја месо се става рендан кашкавал.

Потребни состојки:

  • 5 бабури
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 350 гр мелено говедско месо
  • ¼ чаша доматна паста
  • 320 мл пилешки булјонн
  • ½ чаша ориз
  • 1 чаша пченка
  • 1 чаша ситно сечкан млад кромид
  • 150 гр кашкавал*
  • 125 мл вода
  • масло
  • ½ лажичка каенска пипер
  • 1 лажица суво оригано
  • 2 лажички ким
  • 2 лажички коријандер
  • 1,5 лажичка кромид во прав
  • ¾ лажичка сол

*Рецептот на видеото вели моцарела, меѓутоа станува збор за рецепт прилагоден на европската кујна. Моцарелата не е мексиканска, па затоа можете да употребите кашкавал по ваш избор. Мексиканците полнетите пиперки ги прават со кесо фреско, познато и ккао кесо бланко, кравји кашкавал кој е бел како моцарелата.

Подготовка:

Тенко исечете го врвот на секоја пиперка (каде што е рачката), а потоа отстранете ги семките. На малку масло во тавче пропржете го ситно исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете го и сечканиот лук. Додадете го месото и промешајте, па оставете да се пропржи. Посолете, посипете со каенска пипер, оригано, ким, коријандер и кромид во прав. Повторно добро измешајте и додадете ја доматната паста. Оставете уште минута, па додадете го оризот што претходно сте го измиле, пченката што сте ја процедиле и булјонот (коцка за супа измешана со врела вода). Промешајте и оставете да се крчка околу 15 минути. На крајот додадете сечкан млад кромид, а може и власец. Наполнете ги пиперките до половина со добиената смеса, а потоа посипете ги со рендан кашкавал, па потоа продолжете да филувате со смесата од месото. Секоја пиперка затворете ја со врвот и наредете ги во огноотпорен сад. Истурете вода и покријте со алуминиумска фолија. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 45 минути. Потоа извадете ја фолијата и посипете со преостанатиот кашкавал, па печете уште 5-10 минути.

Remote video URL
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе