Популарна игра по грешка пуштена бесплатно, паднаа серверите на Epic Games

Сакавте да ја преземете Death Stranding Director's Cut? Ќе мора да почекате.

Откако продавницата на Epic Games објави дека ја подарува играта Death Stranding Director's Cut, налетот на гејмерите кои не сакаа да го пропуштат овој хит наслов предизвика паѓање на серверот на платформата Epic.

Според сајтот Downdetector, повеќе од 2.500 луѓе за кратко време пријавиле дека нешто не е во ред, а според коментарите може да се види дека најчести проблеми се неможноста да се стартува Epic Games Store, неможноста да се најавите, како и неможноста бесплатно да ја преземете играта Death Stranding.

Кога гејмерите сакаат да додадат нова бесплатна игра во својата колекција, трансакцијата или бескрајно се вчитува или ги враќа на почетната страница. Оние кои ќе успеат да се логираат и потоа да ја додадат играта во својата „количка“ го пријавуваат истиот проблем.

Се чини дека ќе треба да почекаме Epic да го реши проблемот пред да можеме да ја преземеме Death Stranding Director's Cut, но не е јасно кога тоа ќе се случи. Само се надеваме дека нема да останеме со празни раце, особено сега кога конечно имаме мегахит наслов кој Epic Games Store не го подари досега.

Иако првично беше кажано дека Epic Games Store ја подарува Death Stranding Director's Cut, продавницата сега ја нуди само со намалена цена. Не знаеме дали се работи за баг, но оние кои успеале да ја симнат пред да падне серверот ја имаат Director's Cut во колекцијата. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе