Поради пандемијата градоначалникот на Лондон си ја намали платата

Лондон, 17 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан денеска изјави дека ја намалил својата плата за 10 отсто поради пандемијата со COVID-19 и ја повика британската Влада да ги поддржи локалните власти за да се избегне намалување на јавните услуги.

Кан, чија годишна плата изнесува 152.734 фунти (170.000 евра), исто така „ги замрзна“ платите на својот 15-член тим.

– COVID-19 имаше разорно влијание врз јавните финансии на Лондон, кои беа одлични пред пандемијата, посочи Кан.

Приходите на лондонскиот транспортен оператор (ТфЛ) за време на пандемијата се намалија за повеќе од 90 отсто, а приходите од даноците, исто така забележаа пад откако голем број домаќинства и фирми не се во состојба да ги плаќаат.

Кан предупреди дека без владина поддршка ќе биде неопходно намалување на буџетите на полицијата, пожарникарите и јавниот превоз.

– Ова е најлош момент за враќање на мерките за штедење, сега кога мораме да вложуваме во заздравувањето на Лондон, посочи Кан, додавајќи дека сите локални самоуправи во Велика Британија се соочуваат со истите финансиски предизвици.

Локалните избори во Велика Британија требаше да се одржат во мај, но поради пандемијата ќе се одржат следната година.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе