ВО КОМПАНИЈАТА Е ОД 1985 ГОДИНА

Поранешна струјардеса стана првата жена на чело на Japan Airlines

Japan Airlines има жена претседател за прв пат во својата историја, откако  назначи своја поранешна стјуардеса на оваа позиција.

Мицуко Тотори почнала да работи како стјуардеса во 1985 година, по што постепено напредувала и стигнала до позицијата претседател. Таа рече дека се надева дека нејзиното унапредување ќе ги охрабри другите жени да се движат кон чекор погоре во нивната кариера.

И покрај напредокот, малку се големите компании кои имаат жени на високи лидерски позиции. Тотори ќе го замени Јуџи Акасака на местото претседател на компанијата на 1 април.

Веста доаѓа неколку недели откако авион на Japan Airlines се судри со помал авион на аеродромот Ханеда во Токио. Следеше „чудесна“ евакуација, благодарение на што преживеаја сите 379 патници и членови на екипажот, но за жал загинаа пет од шесте членови на екипажот на вториот авион.

Тотори имаше различни позиции пред да стане директорка на кабинскиот екипаж во 2015 година и истакна дека нејзин приоритет ќе биде безбедноста.

Истражувањето на FlightGlobal покажа дека на крајот на 2022 година имало 12 жени на лидерски позиции во 100-те најголеми авиокомпании, што е зголемување од шест претходната година. Меѓу нив се Марјен Ринтел од холандската компанија KLM, Анет Ман од Austrian Airlines и Лин Емблтон од Aer Lingus.

На почетокот на овој месец, Џоана Гарати стана извршен директор на JetBlue Airways, првата жена на чело на голема американска авиокомпанија.

Во Јапонија ретко се случува жените да бидат на чело на големите компании. Владата сака една третина од лидерските позиции во големите бизниси да им припаѓаат на жените до 2030 година, откако оваа цел не беше постигната до 2020 година. Исто така, компаниите се обврзани да дадат барем една жена позиција на извршен директор до 2025 година.

Жените имаа 13,2 отсто од раководните позиции во Јапонија во 2021 година, што е најнизок процент од сите членки на OECD (Организација за економска соработка и развој).

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе