Porsche ќе понуди V8 мотор и во следната деценија

Во Porsche велат дека веќе имаат решение со кое нивниот одличен V8 мотор ќе ја исполни нормата Euro7 која треба да биде на сила од 2030 година.

И покрај постојаното намалување на работниот волумен на моторите со внатрешно согорување и зголемениот број автомобили кои се напојуваат само со електрични мотори, Porsche, кој нуди и електрични модели, нема намера да се откаже во скоро време од 4-литарскиот V8 бензински мотор кој се нуди со моделите Cayenne и Panamera.

Со претставувањето на новата генерација на Panamera од Штутгарт дојде потврда дека V8 моторот на Porsche е далеку од пензија, бидејќи инженерите во Цуфенхаузен веќе имаат решенија со кои громогласниот V8 ќе може да ја исполни најавената Euro7 норма, чија имплементација од првичниот план за 2025 година се одложи за крајот на деценијата.

Со нормата Euro7, најмоќните Panamera и Cayenne ќе бидат потивки од претходно, но сепак ќе понудат сè што вообичаено нудат автомобилите напојувани со V8 мотор.

Во исто време, Porsche продолжува со електрификацијата и засега остануваат на претходниот план, според кој до 2030 година 80 отсто од нивното производство ќе се напојува само од електрична енергија.

По новиот Taycan и новиот Macan, дуото Cayman/Boxster се следните модели кои од следната година ќе се движат само со електромотори.

Нивниот најпознат модел 911 со редизајнирано издание на актуелната генерација (992.2) треба да го добие првото хибридно издание, а за можните „елфери“ кои ќе ги возат само електромоторите во Porsche ќе размислуваат во следната деценија. Пред тоа, тие веќе разгледуваат ветувачки решенија кои вклучуваат многу почисто синтетичко гориво што на крајот би можело да ги спаси моторите со внатрешно согорување.

Тагови
реклама

Авто новости

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе