Пиратите победија и овојпат, но HBO ветува дека „агресивно ќе ги следи“ торентите.
Гледачите на „Game of Thrones“ добро се сеќаваат што правеа пиратските сајтови во последната сезона од серијата. Сепак, се чини дека HBO не ја научи лекцијата, бидејќи не само што протече заплетот на сите епизоди на „House of the Dragon“, туку сега на торент сајтовите се појави последната епизода од првата сезона на серијата, три дена пред официјалната премиера.
Во изјава за Variety, HBO рече дека е „разочаран што оваа незаконска акција го наруши искуството на гледање на верните фанови на серијата“ и дека „агресивно ги следи и ги повлекува овие копии од интернет“.
За жал за HBO нема што многу да се направи, бидејќи интернетот е веќе преплавен со спојлери. Искрено, не дека веќе ги немаше, но сега на оние кои ја прочитаа книгата „Fire & Blood“ од Џорџ Р.Р. Мартин им се придружија и оние кои веќе ја погледнаа последната епизода од првата сезона. Значи, ако ја гледате серијата целосно легално, можеби е најдобро да ги игнорирате социјалните мрежи некое време.
Првата сезона на „House of the Dragon“ ќе заврши за гледачите во Македонија утре, 24 октомври. Можете да го гледате финалето на HBO или да го стримувате (легално) преку апликацијата HBO Max - да се надеваме дека новата епизода нема да биде повторно неиздржливо мрачна.