Низ Русија се одржаа масовни протести на кои се уапсени повеќе од 5.000 демонстранти кои бараат ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Само во Москва се уапсени повеќе од 1.600 луѓе.
ЕУ и САД ја осудија примената на сила и бруталното однесување кон учесниците на протестите.
Во Москва демонстрантите и припадниците на специјалната полиција цел ден вчера си ги одмеруваа силите, а упатства на граѓаните преку социјалните мрежи даваше екипата на Алексеј Навални.
На протестите против режимот на Путин излегоа и жителите на Јакутск. Повеќе стотина демонстранти излегоа надвор на улица и покрај неверојатната температура од минус 43 степени Целзиусови.