Повеќе од пет милијарди мобилни телефони ќе станат отпад во 2022 година

Повеќе од пет милијарди од околу 16 милијарди мобилни телефони во светот ќе бидат отпишани или фрлени оваа година, проценија експертите и повикаа повеќе да се рециклираат материјалите од кои се направени уредите.

Доколку би биле наредени еден врз друг, неискористените мобилни телефони би достигнале височина од 50.000 километри, или стопати поголема од висината на која се наоѓа Меѓународната вселенска станица, објави истражувачкиот конзорциум WEEE.

Иако содржат злато, бакар, сребро, паладиум и други компоненти кои можат да се рециклираат, речиси сите овие несакани уреди се оставени, фрлени или изгорени, предизвикувајќи значителна штета на животната средина и здравјето.

„Мобилните телефони се меѓу електронските производи кои најмногу не загрижуваат“, вели Паскал Лерој, главен извршен директор на WEEE, непрофитна алијанса на организации за управување со електронски отпад.

„Ако не ги рециклираме ретките материјали што ги содржат, ќе мораме да ги ископуваме во земји како Кина и Конго“, изјави Лерој за AFP.

Мобилните телефони вон употреба се само врвот на ледениот брег од речиси 45 милиони тони глобален електронски отпад што не се рециклира.

Многу од петте милијарди мобилни телефони кои годинава ќе бидат повлечени од оптек, нема да завршат во ѓубре, туку наместо да завршат во рециклирање, ќе останат заборавени во фиоки, плакари, гаражи во домовите и деловните објекти.

Според истражувањето спроведено во шест европски земји од септември годинава, просечно европско семејство моментално има околу пет килограми ваков електронски отпад.

Истражувањето покажа дека 46 отсто од домаќинствата чуваат мала електрична и електронска опрема затоа што можеби ќе им затрееба, 15 отсто имаат намера да ја препродаваат, а 13 отсто ја чуваат поради „сентиментална вредност“.

Со отпадот да се извезува и знаењето

„Изгледа луѓето не разбираат дека овие навидум безначајни предмети имаат голема вредност, а на глобално ниво претставуваат огромна количина“, вели Паскал Лерој.

„Но, електронскиот отпад никогаш нема да се собира доброволно бидејќи трошоците се високи. Затоа законодавството е неопходност.“

Овој месец, Европскиот парламент усвои нов закон со кој се бара еден полнач за сите нови паметни телефони, таблети и камери од 2024 година.

Со ова се очекува да се заштедат најмалку 200 милиони евра и да се намали е-отпадот за неколку илјади тони секоја година.

Благодарение на законодавството, Европа собира многу повеќе електронски отпад отколку што е вообичаено во другите делови на светот.

Во Европа се собира од 50 до 55 проценти од електронскиот отпад, а во земјите со помали примања помалку од пет проценти.

Во исто време, илјадници тони електронски отпад од богатите земји се транспортираат во земјите во развој за рециклирање. И често има недостиг на средства за безбедно отстранување на таквиот отпад, па опасните материи како жива или пластика може да ја загадат почвата, да ја загадат водата или да влезат во синџирот на исхрана.

„Поместивме планини во Европа“, вели Лерој. „Сега мораме да го извеземе тоа знаење во други делови од светот.“

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Вести

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе