Повеќе од половина од тестираните за COVID-19 во Бергамо имаат антитела

Повеќе од половина од жителите на северниот италијански град Бергамо развиле антитела против COVID-19, соопштија здравствените власти, повикувајќи се на податоци од една студија.

Од 9.965 локални жители кои преку крв биле тестирани меѓу 23 април и 3 јуни, 57 проценти имаат антитела, што значи дека биле во контакт со коронавирусот.

Градските здравствени власти соопштија дека студијата е „доволно широка“ за да биде сигурен показател за тоа колку луѓе биле заразени во Бергамо, кој стана епицентар на заразата во Италија.

Во извештајот објавен на почетокот на мај, националниот институт за статистика ИСТАТ истакнува дека бројот на смртни случаи во Бергамо во март бил 568 проценти поголем од просекот во периодот од 2015 до 2019 година. Ова го прави овој италијански град место со најмногу жртви од болеста.

Во провинцијата Бергамо досега се регистрирани 13.609 случаи на коронавирус. ИСТАТ и Министерството за здравство почнаа национална кампања за тестирање преку крв на репрезентативен примерок од околу 150.000 луѓе за да се добие појасна слика за обемот на епидемијата во Италија.

Во Италија досега се регистрирани речиси 34.000 смртни случаи и 235.000 потврдени заразени.

Во регионот Ломбардија, во кој спаѓа и Бергамо, има 16.000 смртни случаи.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе