Повик за протест во Охрид за одбрана на македонското граѓанско знаме

На 4 јули во Охрид ќе биде второто судење на адвокатот Тони Менкиноски кој се товари за, внимавајте, прекршување на јавниот ред и мир заради истакнување на старото македонско државно знаме.

Протестот е во организација на Сончева револуција, која ги повика сите Македонци, добромисленици и борци за човекови права на излезат на 4 јули пред охридскиот Основен суд и да му дадат поддршка на неправедно обвинетиот.

„Ве повикуваме сите заедно да дадеме поддршка за Тони Менкиноски на 04.07.2023 год., пред охридскиот суд. Менкиноски е обвинет за прекршување на јавниот ред и мир заради истакнување на знамето со шеснаесетзрачното сонце и на 4 јули ќе се оддржи второто судење.
И овој пат, тој нема да се брани само себеси, туку ќе ја брани слободата и слободната волја на изразување на секој од нас.
Знамето со шеснаесетзрачното сонце и воопшто овој симбол е дел од македонскиот идентитет, вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот, Егејот, Вардарот, Гора, Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени“, вели здружението.

„Обвинувајќи го Тони Менкиноски, сакаат да нѐ обвинат сите нас за употреба на националното знаме. Да не заплашат и да нѐ покорат уште повеќе. Но нема да дозволиме, туку ќе излеземе и ќе ја изразиме и нашата поддршка и нашиот пркос“, додаваат.

Претходно протест за поддршка имаше и во Скопје.

„Настанот во Скопје помина одлично и пораката што ја испративме беше многу јасна. Да го сториме истото на 4 јули во 12 часот во Охрид, пред Основниот суд“.

Сите што сакаат да му дадат поддршка на човекот обвинет за овој „голем“ злочин здружението ги повика да се наоружаат токму со она преубаво шестнаесеткрако македонско знаме и сите заедно да го „прекршат“ јавниот ред за инат на оние што ги прекршуваат основните човекови права за самоудентификување на македонскиот народ.

Адвокатот Менкиноски на 27 април го истакна македонското знаме кое беше државно знаме од 1992 до 1995 година. Тој сам се пријави во полиција за одговорен за поставувањето на знамето. Воедно, ја презеде целата одговорност за настанот и порача дека овој случај „не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, оти никој не беше вознемирен“.

Заинтересираните можат и онјалн да се пријават за учество, на настанот објавен на Facebook.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе