Повлечено обвинението против Алек Болдвин, има нови докази

Специјалните обвинители на Ново Мексико неочекувано го повлекоа обвинението против актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс во 2021 година, пренесоа американски медиуми, кои цитирааат правни аналитичари дека ова е логичен заклучок за погрешно кривично гонење.

Овој потег уследи по новите докази за пиштолот што го држел Болдвин кога го испукал куршумот што ја уби Хачинс за време на снимањето на филмот Rust во Санта Фе, Ново Мексико, изјави извор близок до државните обвинители, кој појасни дека се појавиле нови докази и дека е потребно повеќе време за истрага.

Специјалните обвинители Кари Морисеј и Џејсон Лусис би можеле повторно да покренат постапка за кривична постапка при понатамошна истрага.

Новите докази го поткопаа случајот на обвинителството по серија правни препукувања, принудувајќи го на ваков чекор пред рочиштето во мај, кога судијата требаше да одлучи дали има доволно докази за судење на Болдвин и оружарката Хана Гутјерес Рид.

Во неверојатен пресврт за 65-годишниот актер од А-листата, специјалните обвинители Кари Морисеј и Џејсон Луис поднесоа известување за отфрлање на единственото преостанато обвинение против Болдвин во државниот Окружен суд во Санта Фе.

Истрагата за фаталниот инцидент е во тек.

Американски медиуми предеупредуваат дека иако обвинението против Болдвин за неговата улога во смртта на Халина Хачинс е отфрлено, актерот и продуцент сè уште се соочува со кривична постапка.

Обвинението за ненамерно убиство против Хана Гутјерес Рид, супервизор за оружје во филмот, останува непроменето.

Судскиот поднесок ги одразува претходните изјави на обвинителите дека се откриени нови факти кои бараат дополнителна истрага и форензичка анализа.

Болдвин се изјасни за невин по обвиненијата против него кон крајот на февруари и беше ослободен со ветување дека нема да поседува оружје, нема да пие алкохол и нема да разговара со сведоци на пукањето, според CNN.

Актерот ја застрела снимателката Халина Хачинс со пиштол реквизит, кој од непознати причини бил наполнет со вистинска муниција. Овој настан доведе до обвинение против Болдвин и оружарката Хана Гутјерес Рид за ненамерно убиство.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе