Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Пожар избувнал попладнево на Институтот за радиологија на Клиничкиот центар во Скопје.
Од противпожаната служба за МИА информираат дека дојавата за пожарот е примена во 13:55 минути и дека противпожарната екипа сѐ уште е на терен.
Оттаму додаваат дека на интервенција се пратени осум противпожарни возила со околу 15-тина пожарникари.