Хрватска деновиве е погодена од големи поплави предизвикани од силните врнежи од дожд. Во поплавените подрачја се видени многу примери на херојство на спасувачите, а во меѓувреме објавена е фотографија на која се гледа како пожарникар спасува срна од давење во длабоката вода, пишува Jutarnji list.
Младиот пожарникар од Карловац ја спасил срната од давење. Животното воопшто не се исплашило, а коментарите на социјалните мрежи се полни со пофалби за спасувачот.
„Симнете капа“, „Секоја чест“, „Прекрасно“, „Има и добри луѓе“, се само дел од коментарите на Facebook страницата на Radio Mrežnica, која ја објави фотографијата.