Познати полуфиналистите и во Лига Европа и во Конференциската лига

Вест Хем - Ајнтрахт и Лајпциг - Ренџерс, односно Лестер - Рома и Марсеј - Фејнорд се двојките кои ќе се борат за пласман во финалињата на двете европски натпреварувања од понизок ранг.

Изненадувањето на вечерта го приреди тимот од Франкфурт кој по ремито 1:1 на домашен терен со Барселона успеа на „Камп Ноу“ да слави со 2:3 и да го исфрли каталонскиот тим. Изненадувањето го најави Србинот Филип Костиќ во 4. минута од пенал, а во 36. минута Колумбиецот Рафаел Боре го дуплираше водството. По паузата Браса не само што не се врати во игра, туку во 67. минута Костиќ донесе 0:3 и крај на надежите на тимот на Чави. Во судиското надополување следуваше задоцнет финиш на Каталонците кога преку Серхио Бускетс и пеналот на Мемфис Депај се изборија за пристоен пораз од 2:3.

Remote video URL

И Лајпциг имаше 1:1 дома со Аталанта, но славеше на гостувањето во Бергамо. Креатор на победата беше Кристофер Нкукну со своите два гола во 18. и 87. минута.

Remote video URL

Слично беше и во Лион каде Вест Хем победи 0:3 иако резултатот од Лондон им одеше во прилог на Французите (и таму беше 1:1). Крег Досон во 38. минута, Деклан Рајс во 44. и Џерод Боуен во 48. минута беа творци на победата на „Чеканите“.

Remote video URL

Продолженија се играа во Глазгов каде Ренџерс ја победи Брага со 2:1, идентичен резултат со кој Португалците славеа на првиот натпревар. Џејмс Таверние постигна два гола за Шкотите во 2. и 44. минута, а Брага се врати во игра во 83. со голот на Давид Карму иако беше со играч помалку. Сепак, во 101. минута од продолженијата Јамајканецот Кемар Руфи постигна гол за 3:1 и полуфинале.

Лига Европа двојки за полуфинале:
Вест Хем - Ајнтрахт
Лајпциг - Рeнџерс

Лестер успеа со пресврт да слави во Ајндховен откако првиот дуел заврши без голови во Англија. Израелецот Еран Захави донесе водство за ПСВ во 27. минута, а Џејмс Медисон во 77. и Рикарду Перејра во 88. го направија пресвртот за победа од 1:2.

Remote video URL

Жозе Мурињо и Рома ѝ се одмаздија на норвешката сензација Боде/Глимт исфрлајќи го овој клуб со победа од 4:0 во Рим (на првиот натпревар Норвежаните победија со 2:1). Теми Ејбрахам во 5. минута го отвори резултатот, а потоа Николо Ѕаниоло со хет трик го дотолчи противникот.

Remote video URL

Марсеј славеше и во Солун кај ПАОК, овој пат со еден гол благодарение на Димитри Пајет. Французите победија и на првиот натпревар, со 2:1.

Remote video URL

Откако во Холандија одиграа возбудливи 3:3, прашка Спарта и Фејнорд повторно приредија добра претстава, но Чесите останаа покуси за два гола. Сирил Десерс уште по две минути игра донесе водство за холандскиот гигант, а во 14-тата израмни Ибрахим Траоре. Десерс во 59-тата донесе ново водство, а Луис Синистера во 78. минута ги постави конечните 1:3.

Remote video URL
Европа конференциска лига двојки за полуфинале:
Лестер - Рома
Фејнорд - Марсеј

Првите полуфинални натпревари во двете лиги се играат на 28 април, а реваншите на 5 мај.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе