Правите само штета: Кои суплементи и витамини не треба да ги пиете заедно?

Изминативе две години поминати во пандемија сите работевме на зајакнување на имунитетот, најчесто со намера дека ако се заразиме со ковид и покрај мерките и вакцините, да ја надминеме болеста што побезболно, со што помалку последици.

Се чини дека целиот свет беше на витамини Д и Ц и цинк, кои понекогаш неконтролирано ги земавме превентивно, најчесто без лекарски надзор. Сепак, некои од овие суплементи не се компатибилни, односно не се препорачува да се пијат истовремено, бидејќи меѓусебно си ги неутрализираат ефектите.

Ова се комбинациите кои треба да ги одбегнувате:

Витамин Ц со витамин Б12

Витаминот Ц е важен антиоксиданс за имунолошкиот систем. Витаминот Б12 помага во одржување на нервниот систем и формирање на црвени крвни зрнца. Истражувањата покажуваат дека земањето на овие два додатоци во исто време може да ја намали апсорпцијата на витаминот Б12. Затоа, се препорачува овие суплементи да се земаат со растојание од најмалку два часа.

Витамин А со храна богата со витамин А

Бидејќи витаминот А е растворлив во масти, неговиот вишок се акумулира во телото. Значи, не е неопходно да се зема секој ден. Премногу витамин А може да доведе до кршливи коски и чести скршеници. Може да биде штетно и за бебето кај трудниците. Ако сте бремени или земате додаток на витамин А, најдобро е да избегнувате црн дроб или паштети од него. Овие намирници се толку богати со витамин А што дури и ако не земате додатоци од оваа хранлива состојка, треба да ги јадете само еднаш неделно.

Фолна киселина (витамин Б9) со витамин Б12

Иако и двата од овие Б витамини се важни, земањето премногу фолна киселина всушност може да ги маскира симптомите на недостаток на витамин Б12.

Витамин Е со витамин К

Земањето витамин Е може да доведе до зголемено крварење. Витаминот К промовира згрутчување на крвта. Истовременото внесување на витамин Е може да го неутрализира ефектот на витаминот К.

Вишокот на витамини растворливи во вода како Ц и Б-комплекс може да се излачуваат, но витамините растворливи во масти - Д, Е, К и А - се акумулираат во телото, па ако се земаат прекумерно, тоа може да биде опасно.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе