Премиера на „Нема да си сама“ за затворање на 21. Синедејс

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Нема да си сама“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, во МКЦ Парк вечер во 21 часот ќе заврши 21. Фестивалот на европски филм „Синадејс“.

Во изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа прикажани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се – Официјалната и СЕЕ-селекцијата (Southeastern Europe). Наградите за нив ќе ги доделат две жири-комисии: Марија Апчевска, Иева Норвилиена и Алфтед Холигхаус – за официјалната селекција и Ѓулин Устин, Дамјан Козоле и Диего Апарисио – ќе одлучуваат за наградите за СЕЕ-селекцијата.

По доделувањето на наградите, премиерно ќе биде прикажан  филмот „Нема да си сама“ на Столевски, кој годинава, како што наведува МКЦ, стекна светска слава по премиерата на Фестивалот на независен филм „Санденс“

Пред оваа проекција режисерот има особена возбуда за која вели: „Фестивалските публики ми се омилените. ‘Нема да си сама’ како приказна е зачната токму тука во Скопје и многу ме радува што конечно ќе се прикаже на затворањето на Синедејс. Длабоко ме допреа страсните, емотивни реакции од публиката во Санденс. Со нетрпение и возбуда ги чекам овдешните“, вели Горан Столевски, информира МКЦ.

Приказната во филмот „Нема да сама“, која се случува во изолирано планинско село, е за девојче грабнато од  древен дух и преобразено во вештерка. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива една селанка, па потоа го зема нејзиниот облик за да живее во нејзината кожа. Љубопитноста и се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек.

По проекцијата на филмот, 21-виот „Синедејс“ официјално ќе биде затворен со диџеј-сет на актерот Оливер Митковски, соопшти Младинскиот културен центар, организатор на фестивалот.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе