Претрес во Куманово, приведени двајца дилери затекнати како пакуваат марихуана

Кумановската полиција приведе две лица, откако претходно изврши претрес во домот на едниот од нив и затекна марихуана, кокаин, хероин, амфетамин, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од село Тромеѓа, кумановско и деветнаесетгодишниот Д.Ј. од Куманово. При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба, соопшти полицијата.

Полициските службеници пронашле и одзеле околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Хроника

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Read more

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Read more

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Read more

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Read more
 

Вести

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе