Претставен нов Mercedes: Специјална верзија, комплицирано име

Mercedes-AMG GT 63 S E Performance е на пазарот само неколку месеци, а веќе доби уште една специјална верзија.

Откако на почетокот на февруари беше претставена верзијата од 218.674 евра, клиентите сега можат да трошат уште повеќе на најмоќниот модел на Mercedes (до пристигнувањето на AMG One). F1 Edition во Германија чини 222.815 евра. За пакетот визуелни промени потребно е да се издвојат дополнителни 23.800 евра за цената на основниот модел, што е нешто помалку од 200.000 евра.

Како што сугерира името, новата верзија е инспирирана од Формула 1 каде што тимот на Мерцедес Петронас Ф1 нема многу успешна сезона.

Дел од пакетот се тркала од 21 инчи со пет двојни краци во мат црна боја и со црвени детали, а овој дизајн потсетува на тркалата на официјалниот медицински автомобил FIA F1. Исто така, има комплетен аеродинамичен пакет кој вклучува поголем преден сплитер, дополнителни воздушни дефлектори, фиксиран заден спојлер и редизајниран дифузер, а сето тоа е развиено во воздушниот тунел и ја подобрува контролата при големи брзини додека го намалува отпорот на воздухот.

AMG GT 63 S E Performance F1 Edition е обоен во Alpine сива боја и е украсен со асортиман на сјајни црни детали. Тие се дел од два пакети на опрема Night Package што носат темни ознаки, прозорски рамки и завршетоци на издувните цевки. Mercedes подготви и црна решетка на ладилникот и некои други надворешни детали, додека капакот на резервоарот има сребрен хромиран изглед.

Фотографија од внатрешноста нема, но се знае дека седиштата се обложени со црна Nappa кожа и сошиени се со црвен конец. Оваа шема се користи и за безбедносните појаси и воланот, а внатрешноста е украсена со карбонски детали. Има и уникатни патосници, како и ексклузивни Edition ознаки.

Моделот со мотор кој развива 843 КС и 1.470 Nm вртежен момент доби прекривка со ознаката AMG и логото F1.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе