Принцот Хари нема право на постојана полициска придружба додека е во Британија

Принцот Хари го загуби случајот што го поведе против властите во Вишиот суд на Обединетото Кралство за нивото на полициска заштита што ја добива додека е во својата татковина.

Војводата од Сасекс се обидуваше да ја поништи судската одлука со која неговиот безбедносен статус во Британија повеќе не е главен приоритет по повлекувањето од функцијата активен член на кралското семејство. Неговите адвокати тврдеа дека одлуката е донесена неправедно.

Министерството за внатрешни работи претходно објасни пред судот дека безбедноста на принцот Хари се одлучува од случај до случај.

Ова значи дека принцот сè уште добива обезбедување финансирано од државата, но само за „договорени аранжмани, приспособени конкретно за него“ наместо автоматски да му се даде заштита што ја имаат активните членови на британското кралско семејство.

Најголем број рочишта се одржани во текот на декември, без присуство на јавноста, а пресудата денеска, 28 февруари, ја донесе судијата сер Питер Лејн, пишува BBC.

Минатата година судот го одби барањето на војводата од Сасекс приватно да плати за полициска заштита кога ќе го посети Лондон.

Комитетот, кој одлучува дали на јавните личности им е потребна полициска заштита, рече дека ќе се создаде опасен преседан за да им се овозможи на луѓето практично да користат припадници на полициските сили како приватни телохранители.

Тагови
реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе