Пристигна Raspberry Pi 5 со низа подобрувања, чини 60 и 80 долари

И покрај сомневањата дека тоа ќе се случи годинава, Raspberry Pi 5 сепак беше претставен.

Станува збор за најновата верзија на микрокомпјутерот која доаѓа со неколку значајни подобрувања по почетна цена од 60 долари. Не само што има подобри перформанси од својот претходник, туку ова е првиот Raspberry Pi за кој компанијата користи свои полупроводници.

„Мозокот“ на микрокомпјутерот Raspberry Pi 5 е 64-битен 4-јадрен ARM Cortex-A76 процесор кој работи на 2,4 GHz и овозможува до трипати подобри перформанси од Raspberry Pi 4, кој се појави пред четири години. Уредот доаѓа и со графички чип VideoCore VII од 800 MHz за кој Raspberry Pi Foundation вели дека нуди „значително подобрување во графичките перформанси“.

Новиот компјутер е многу брз, а The Verge пишува дека прилично се загреvал при употреба, но доаѓал и со активна компонента за ладење која се става директно на плочата.

Raspberry Pi 5 сега има компонента развиена од Raspberry Pi Foundation, таканаречениот јужен мост, дел од матичната плоча што му помага да „комуницира“ со периферните уреди. Благодарение на оваа компонента, микрокомпјутерот направи значаен чекор напред во перформансите и функционалноста на периферните уреди, овозможувајќи поголеми брзини на пренос на надворешниот UAS погон и другите периферни уреди.

Remote video URL

Исто така, доаѓа со два MIPI примопредаватели со четири ленти од 1,5 Gbps кои овозможуваат поврзување до две камери или два екрана. Има и нов интерфејс PCI Express 2.0 кој нуди поддршка за „периферни уреди со висок пропусен опсег“, но сепак бара посебен адаптер како што е M.2 HAT за да го искористи тоа.

Што се однесува до портите, можно е да се поврзат два излеза за HDMI 4Kp60 HDMI со поддршка за HDR, слот за microSD, два USB 3.0 порти, два USB 2-0 порти, Gigabit Ethernet и 5V DC напојување преку USB-C. Микрокомпјутерот поддржува Bluetooth 5.0 и Bluetooth Low Energy (LE), како и врвните перформанси на SD картичката, кои се удвојуваат со режимот SDR104.

Сето ова го прави Raspberry Pi 5 повеќе разноврсен, без разлика дали се користи како ултра достапен десктоп компјутер, медиумски сервер или безбедносен систем.

Ќе се нуди со 4 и 8 GB RAM по цена од 60 и 80 долари. Тоа е повеќе од Pi 4, кој се продаваше за 55 и 75 долари.

Продажбата на микрокомпјутерот Raspberry Pi 5 ќе започне пред крајот на октомври.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе