Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Snapdragon 8 Gen 2, батерија полна за 35 минути и голем екран од 12,4 инчи - запознајте го Xiaomi Pad 6S Pro.

На настанот што се одржа во Барселона пред саемот MWC 2024, Xiaomi ги претстави своите водечки паметни телефони од серијата Xiaomi 14, но тоа не беше сè што технолошкиот гигант ни подготви оваа година. Официјално беше најавен нов таблет Xiaomi Pad 6S Pro, кој според своите спецификации треба да биде директен конкурент на најдобрите модели моментално достапни на пазарот.

Куќиштето на моделот Xiaomi Pad 6S Pro е целосно изработено од алуминиум, а ќе се продава во три бои - црна, сина и зелена. Таблетот тежи 590 грама, а на него има 6 звучници, како и 4 микрофони кои треба да обезбедат и одличен звук при гледање содржина и добра репродукција на глас при видео повици.

На предната страна има 12,4-инчен IPS LCD екран со сооднос 3:2 и резолуција од 2.032 x 3.048 пиксели. Панелот се освежува со брзина до 144 Хц и поддржува влез со пенкало (одделно се продава), кое се регистрира со брзина од 360 Хц, додека допир со прст регистрира со брзина од 240 Хц. За што е можно полесно користење во добро осветлени услови, максималното ниво на осветленост е 900 нити, а има и поддршка за прикажување на содржината Dolby Vision и HDR10.

Она што го прави овој уред посебен во европската палета на Xiaomi таблети е чипсетот Snapdragon 8 Gen 2. Иако не е најновото решение на Qualcomm, овој минатогодишен чип сè уште е исклучително моќен и на исто ниво со актуелните најдобри Android таблети кои можат да се најдат во Европа. Процесорот ќе биде потпомогнат од 8 или 16 GB RAM, како и 256 GB, 512 GB или 1 TB внатрешна меморија.

Бидејќи ќе се напојува со HyperOS базиран на оперативниот систем Android 14, корисниците ќе имаат пристап до некои функции кои се достапни само на Xiaomi таблетите, како што е поделбата на екранот на три дела, кои производителот ги нарекува Workbench.

Во внатрешноста на таблетот Xiaomi Pad 6S Pro има батерија со капацитет од 10.000 мА-час, но она што е особено интересно е максималната моќност на полнење. Xiaomi има имплементирано брзо полнење од 120 вати, што значи дека уредот ќе се полни за само 35 минути со помош на поддржан полнач.

За жал, сѐ уште не се знае точно кога Xiaomi Pad 6s Pro ќе пристигне во Македонија, ниту колку ќе чини. Она што го знаеме е препорачаната малопродажна цена за Европа која е 699 евра.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе