Украинското Министерство за инфраструктура денес соопшти дека е постигнат договор за 120 дена продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.
– Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите Нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата, се вели во соопштението.
Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална криза со храна со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црно Море блокирани од Русија.